МОНСТРУМ: 10-месечно бебе почина откако очувот го претепал и силувал

Девојчето Емалеј, старо само 10 месеци, почина во болница откако очувот брутално го претепал и силувал.
Полицијата во Западна Вирџинија го привела 32-годишниот Бенџамин Тејлор поради сомневање дека ноќта помеѓу неделата и понеделникот во подрумот на куќата брутално го претепал, а потоа и силувал десетмесечното бебе на неговата девојак Аманда.
Во моментот на злосторството во куќата имало уште три деца.
Аманда бебето, голо и целото крваво го пронашла во подрумот на куќата околу 5 часот утрината и веднаш повикала полиција и Брза помош. Тејлор прво тврдел дека бебето го држел во раце додека ја уклучувал машината за перење алишта и дека изгубил свест, пишува Дејли Меил. Меѓутоа, кога полицијата стигнала на местото на злосторството, го фатила Тејлор како се обидува да ја избрише крвта од препоните.
- Глетката беше страшна. Никогаш нешто волку потресно не сме виделе, рекол еден од полицајците кои вршеле увид.
Несреќното девојче со многу повреди на главата и органите веднаш е транспортирано во болница каде починало.
Полицијата веднаш го уапсила Тејлор, кој веќе имал кривично досие. Тој бил условно осудуван поради кражби и физички напади. Моментално се наоѓа во притвор и му е одредена кауција од два милиони долари.
Ново на Сител
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
