Московската рафинерија во пламен, погодена од украински дронови | ВИДЕО

Густ чад и пламени јазици рано утринава се издигнаа над југоисточниот московски реон Капотња, пренесуваат агенциите изјави на очевидци.
Првично не беше познато што е причината за пожарот. Во тој дел на руската престолнина се наоѓа Московската нафтена рафинерија.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, соопшти дека во текот на ноќта руската противвоздушна одбрана соборила повеќе од 30 беспилотни летала упатени кон градот.
Подоцна тој информираше дека неколку дронови успеале да ја погодат Московската рафинерија.
„Силите на противвоздушната одбрана продолжуваат да ги одбиваат нападите. Неколку беспилотни летала успеаја да стигнат до рафинеријата. Се преземаат мерки за отстранување на последиците“, напиша Собјанин на руската социјална мрежа „Макс“.
Засега нема информации за евентуални жртви ниту за обемот на штетата предизвикана од нападот и пожарот. Руските власти продолжуваат со проценка на состојбата на терен.
МИА
Ново на Сител
-

Приведен насилникот кој ја претепал сопругата во Гостиварско
-

Облачно со повремени врнежи од дожд, кон крајот на денот со снег, следната недела со теператури до - 18 степени
-

Почувствуван земјотрес во Битола, Охрид и блиската околина
-

Поранешен кинески регионален лидер осуден на смрт поради мито од 88 милиони долари
-

Најниска температура утрово во Тетово, преку ден дожд попладне на повисоките места снег
-

ЈОРСМ: Се постапува во случајот со жената во животозагрозувачка состојба донесена синоќа во Клиничкиот центар
-

Почна божикниот пост, 40 дена духовна подготовка за Христовото раѓање
-

Облачно и врнежливо време, на планините снег
