Мост „Генерал Михајло Апостолски“ - се ослободува трасата за конечно ставање во функција, напиша Ѓорѓиевски

Она што со години стоеше заглавено, денес конечно се придвижува. Започна ослободувањето на трасата за ставање во функција на мостот „Генерал Михајло Апостолски“!, напиша скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на својот Фејсбук профил.
- По истекот на рокот за иселување на семејствата чии имоти беа опфатени со завршената експропријација, создадени се услови да продолжиме со следниот, клучен чекор кон неговото отворање. Овој мост предолго беше симбол на застојот и неисполнетите ветувања од моите претходници. Скопјани го нарекуваа „мостот што води во дневна соба“ и „мостот за ловење риба“. Зад тие зборови стоеше оправданото разочарување од проект во кој беа вложени пари, а од кој граѓаните со години немаа корист. На тоа му доаѓа крајот, стои во објавата.
Ѓорѓиевски вели дека мостот конечно ќе ја добие својата вистинска смисла, да ги поврзува луѓето од Гази Баба и Аеродром, да го олеснува сообраќајот и да го скратува времето поминато во градскиот метеж.
-Кога ја презедов одговорноста да го водам Скопје, ветив дека овој проблем ќе го решиме во текот на мојот четиригодишен мандат. Денес, за помалку од една година, со гордост можам да кажам дека правиме решителен чекор кон исполнувањето на тоа ветување. Со посветена и макотрпна работа го решивме клучниот предизвик за ослободување на овој дел од трасата - експропријацијата. Паралелно продолжува и експропријацијата на преостанатиот дел од булеварот за целосно завршување на оваа важна сообраќајна врска, наведува Ѓорѓиевски.
Тој им упатува искрена благодарност на семејствата со кои заеднички го овозможивме овој исчекор.
- Знам дека зад секој дом стојат години живот, спомени и длабока приврзаност. Затоа нивното разбирање, доверба и подготвеност за договор заслужуваат почит. Ви благодарам што подадовте рака и што станавте дел од решението кое носи придобивки за цело Скопје. Вашиот придонес е важен дел од ова ново поглавје за нашиот град. Ќе продолжам да ја оправдувам довербата дадена од народот со работа, со истрајност и со резултати што ќе се чувствуваат во секојдневниот живот. Продолжуваме уште посилно. За Скопје што поврзува. За Скопје што оди напред, какво што заслужуваме!, порачува градоначлникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски во својата објава на Фејсбук.
МИА
Ново на Сител
-

Викендов се затвора конкурсот за шеф на ОЈО ГОКК - Пријавени се четворица кандидати
-

Мицкоски задоволен од растот на економијата - СДСМ обвинува за историско задолжување
-

Македонија под висок ризик за пожари: И ноќеска скопјани спиеја со затворени прозорци поради пожарот во Ѓорче Петров
-

Ристески: Со училишната кошничка едно семејство со два ученика заштедува и до 3.000 денари
-

Струја нема вода нема, револт во Чешиново
-

Да се инвестира во надоградување на домашните работници, а не да се увезува работна рака
-

Охрид ќе добие Младински Културен Центар
-

Општина Струмица набавува пет нови возила за модернизација на ЈПКД Комуналец
