Му го отсекла пенисот на сопругот, па шетала низ градот со генеталиите во ташната!

Една Индијка (30) е уапсена поради тоа што му го отсекла пенисот на својот сопруг при расправа за неговата наводна прељуба.
Мајка на четири деца е уапсена во Тамил Наду додека била на пат кон куќата на своите родители и тоа со генеталиите на својот сопруг во ташната. мажот и сопругата, се индетификувани како Јагадсен и Сарасу, а во бракот се повеќе од 14 години.
Парот живеел одвоени скоро една година до неодамна, кога го продолжиле заедничкиот живот, благодарение на сиот кој има 13 години.
Инаку, тие и предходно се карале и често се обвинувале еден на друг за вонбрачни афери, потврдила полицијата.
- Кавгата траела до четвртокот сабајле, откако сопругот отишол да спие. Околу три часот, Сарасу земала оштар нож од кујната и му го отсекла пенисот, а потоа ја напуштила куќата со отсечениот дел, раскажува еден од инспекторите.
Соседите го однеле мажот во болница каде бил опериран и сега се опоравува.
На неговата сопруга сега и се заканува тешка казна, а инаку во моментот на инцидентот во кучата биле и нивните три ќерки, синот и нивниот дедо.
Ново на Сител
-

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово
-

Трамп: Иранците бараат нешта со кои не можам да се согласам – или ќе ги збришеме, или ќе се договориме
-

Пентагон: САД ќе повлечат 5.000 војници од Германија
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Украинските власти тврдат дека не добиле официјален предлог за примирје за 9 мај
-

Трамп соопшти дека ќе ги зголеми царините за автомобили и камиони од ЕУ на 25 отсто
-

Белата куќа одби да го коментира новиот ирански предлог упатен до САД
-

Дуелот во Кратово меѓу Силекс и Шкендија заврши 1-1
