Loading Video...
Македонија
6. September 2025 - 16:38

Муцунски: Бараме предвидлив и доследен пат до ЕУ

Македонија бара јасен, предвидлив и доследен евроинтегративен пат. По вчерашната изјава на Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта шефот на македонската дипломатија за Сител вели дека Владата цврсто стои на ставот дека процесот на европската интеграција мора да се води исклучиво според копенхашките критериуми.

„И покрај застојот во отпочнувањето на пристапните преговори, предизвикан од билатерални спорови, евроинтеграцијата останува врвен приоритет на нашата надворешна политика. Македонија веќе покажа дека е кредибилен и доверлив партнер на Унијата: целосно усогласена со Заедничката надворешна и безбедносна политика, прва во регионот што го потпиша Партнерството за безбедност и одбрана со ЕУ, и држава која активно придонесува кон мирот и стабилноста во регионот и пошироко.

На крајот, потсетуваме дека – во духот на европските вредности – довербата, поддршката и заемното почитување мора да останат темел врз кој ќе се гради евроинтегративниот процес. – вели шефот на дипломатијата за Сител
Ставот на Муцунски доаѓа по вчерашната изјава на Претседателот на европскиот совет кој во Софија, македонските барања за гаранции пред да бидат спроведени уставните измени ги нарече разумни изразувајќи разбирање за нашите позиции.

Опозицијата и натаму смета дека резолуцијата со црвените линии на Филипче може да биде решение. 

Опозицискиот лидер во интервју за Слободен Печат најави дека до во текот на напредната неделава ќе го презентира својот предлог кој според него, ќе гарантира заедничка државна позиција. 

Според последното истражување на евробарометар објавено на почетокот на месецов над 56% од граѓаните на европската Унија го поддржуваат проширувањето а Македонија е трета најпосакувана нова членка меѓу десетте кандидати за членство зад Украина и Црна Гора.