Муцунски и Саар потпишаа два билатерални документи за унапредување на соработката меѓу Македонија и Израел

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во рамки на посетата на Израел, оствари средба со својот израелски колега, министерот за надворешни работи Гидеон Саар, на која биле потврдени добрите билатерални односи и заедничката определба за нивно натамошно продлабочување.
Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, двајцата министри разговарале за можностите за унапредување на соработката во повеќе области од заемен интерес, со акцент на економијата, одбраната, сајбер-безбедноста, здравството, земјоделството и туризмот.
Според Муцунски, посетата претставува можност добрите политички односи меѓу двете земји да се преточат во поконкретна и подинамична соработка.
-Посетата е можност силните политички односи да ги преточиме во поконкретна соработка, особено во економијата, одбраната и одбранбената индустрија, сајбер-безбедноста, здравството, земјоделството и туризмот - истакнал Муцунски.
Во рамки на посетата биле потпишани и два билатерални документи - Програма за соработка во областа на образованието, науката, културата, младите и спортот за периодот 2026-2029 година и Меморандум за разбирање за билатерални економски консултации меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји.
Од Министерството посочуваат дека со потпишувањето на документите дополнително се зајакнува институционалната рамка за соработка и се создаваат услови за продлабочување на партнерските односи во повеќе сфери.
Муцунски воедно изразил благодарност за солидарноста и поддршката што Израел и израелскиот народ ги покажале по трагедијата во Кочани.
Во разговорите била потврдена заемната подготвеност за натамошно надградување на партнерството преку конкретни проекти, интензивирање на економските врски и отворање нови можности за соработка од заемен интерес.
МИА
Ново на Сител
-

Сончево и топло, во вечерните часови наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Полска ја обвини Украина за „шовинизам“ поради најавениот меморијал на хероите во Киев
-

Мисајловски: Со развој на воена индустрија, дел од парите што ги одвојуваме за одбрана би можеле да останат во македонски компании
-

Ставен под контрола пожарот на Жеден
-

Трамп: Иран доживува целосен колапс
-

Вчера констатирани 140 прекршоци, осум кривични пријави за возачи на велосипеди, мопеди и мотоцикли
-

Во одредени делови од земјата појава на град, пороен дожд, засилен ветер и грмежи
-

Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден
