Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
Властите во Софија се влезени во многу опасен наратив, а нивното членство во ЕУ го користат како своја алатка за редефинирање на нашиот национален идентитет, вели шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски на една година од неговото министерување. Му испрати директна порака на бугарскиот премиер Жељазков, дека ниту еден функционер од Македонија не користи говор на омраза. Ги повика на разционалност и одговорно однесување.
Упати на разум и кај европратениците во пресрет на носењето на конечната одлука за извештајот за Македонија. Според него првиот филтер во АФЕТ е успех, но не и триумф. Потврди дека Македонија нема механизам да го спречи евентуалното усвојување на амандманот со придавката „модерен“, но има многу пријатели кои ја разбираат македонската состојба.
Бугарскиот претседател Радев пак со критики до бугарската влада дека недостоинствено ги бранат бугарските национални интереси и не можеле да ги наметнат своите ставови во Брисел во пресрет на гласањето на извештајот.
Во Брисел е испратен и Акцискиот план за малцинствата. Муцунски најавува вклучување на меѓународни експерти со свои идеи за евентуално подобрување на текстот.
Според првиот човек на МНР во последната година од позиција на климање со глава, надворешната политика е вратена на патот на самопочит, стабилност и влијание. Го реафирмираше ставот дека Македонија инсистира на силни гаранции дека уставните измени ќе бидат последниот услов на европскиот пат и дека нема да има билатеризирање на спорот.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар