Муцунски во Брисел на средби со еврокомесарката за проширување Марта Кос и други претставници на ЕК и ЕП

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски денеска и утре ќе престојува во работна посета на Брисел. Во рамки на посетата Муцунски денеска ќе учествува и на тркалезната маса „A path for European enlargement“, во организација на „Пријатели на Европа“.
Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во рамки на посетата Муцунски ќе оствари средби со еврокомесарката за проширување Марта Кос, како и со извршната потпретседателка на Европската комисија за социјални права и вештини, квалитетни работни места и подготвеност Роксана Минзату.
Воедно, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, ќе оствари средба и со генералната директорка за земјоделство и рурален развој при Европската комисија Елизабет Вернер.
За време на престојот во Брисел, предвидени се и повеќе средби со пратеници во Европскиот парламент, како и брифинг на министерот Муцунски со претставници на земјите членки во Работната група за проширување при Советот на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите и активностите за време на посетата ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, натамошната динамика на пристапниот процес, секторската соработка со институциите на Европската Унија, како и други актуелни политички, економски и реформски прашања од заеднички интерес, се наведува во соопштението од МНРиМТ.
МИА
Ново на Сител
-

Синер: Сервирав навистина добро и тоа ми помогна во мечот со Ѓоковиќ
-

Заложничка драма во Берлин
-

На Тајван поради тајфунот Бави евакуирани над 14.000 луѓе
-

Зеленски формира посебна команда за длабоки напади врз Русија
-

Во Сребреница ќе биде одбележана 31-годишнината од геноцидот над Бошњаците
-

Премиерот Мицкоски во посета на Охрид
-

Стабилно и топло време, утре услови за локална нестабилност
-

Украина го обвини Меѓународниот олимписки комитет за лицемерие
