-->
-->
Мурињо се согласи на двегодишен договор со Реал, услов е Перез да биде реизбран
-->

Жозе Мурињо нема да ја преземе функцијата тренер на Реал Мадрид доколку Флорентино Перез ги изгуби претседателските избори.
Според „As“, Мурињо, кој моментално е тренер на Бенфика, се согласил на двегодишен договор со мадридскиот клуб, со опција за продолжување за уште една сезона доколку ја освојат Ла Лига.
Сепак, потпишувањето на договорот е одложено до завршувањето на претседателски избори. Доколку Перез не биде реизбран, Мурињо ќе ја преземе функцијата во еден од клубовите од кои добил понуди. Тој не сака да остане во Бенфика.
За потсетување, Енрике Рикелме ќе биде противник на Перез на претстојните претседателски избори на Реал Мадрид, неговата кандидатура беше потврдена минатата недела.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

ЕСМ: Обвинителството ги искривило исказите на инженерите
-

Нови обвинувања за уставните измени
-

Владата ги анализира кредитните понуди
-

Измените во собраниска процедура - родителите на насилните ученици ќе плаќаат казни
-

Сејф сити ќе казнува мотори и тротинети
-

Цените кај храната стабилни, ако има потреба Владата ќе носи мерки
-

Жените да создадат навика за редовни гинеколошки прегледи
