Фудбал
30. August 2017 - 19:37

Муслиу: Ако добијам шанса ќе прикажам добра игра

Фудбалската репрезентација на Македонија претпладнево го одржа последниот тренинг на терените на комплексот на ФФМ „Петар Милошевски“. Избраниците на селекторот Игор Ангеловски работеа под полна пареа.

Еден од дебитантите во А тимот е и членот на младата селекција која беше дел од ЕП во Полска, Висар Муслиу.
-  Се работи во добра атмосфера. Навистина е добро чуството да се тренира со најдобрите македонски фудбалери. Имаме искуство од ЕП во Полска и се надевам дека ќе постигнеме добри резултати и на двата дуела. Се надевам на три бода.
Македонија утре заминува за Израел, каде во сабота во Хаифа (почеток 20:45 часот) се игра натпреварот. Нашата селекција во Израел ќе одржи два тренинга (четврток и петок).