Музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“ во Скопје во чест на 35 години независност

Во рамки на одбележувањето на јубилејот „35 години независност на Македонија“, на Плоштад Македонија во Скопје вечерва ќе се одржи мултимедијалниот сценски спектакл „Силно светнал ден“, кој го заокружува своето патување низ државата со настап на повеќе од 120 артисти.
Како што е најавено, настанот ќе почне во 20 часот и преку музика, глума и танц, во вид на мултимедијален сценски спектакл, ја раскажува приказната за 35 години независност на Македонија, истакнувајќи ги најзначајните историски моменти, подемите, предизвиците и достигнувањата од изминатите три и пол децении.
Караванот „Силно светнал ден“ стартуваше од Охрид на 9 август и досега посети 11 градови низ земјата. Во неговата реализација учествуваат познати македонски музички изведувачи и актери.
Прославата по повод 35-годишнината од независноста ќе кулминира на 8 Септември, Денот на независноста, со концерт на светски познатиот диџеј и продуцент на хаус музика Давид Гета на Националната арена „Тоше Проески“ во Скопје. Според најавите, Гета ќе настапи со продукцијата „The Monolith Stadium Show“.
Музичката програма во чест на 35 години независност на Македонија е подготвена од „Авалон продукција“ во соработка со Владата.
МИА
Ново на Сител
-

Спасувачка акција во Вардар - се бара исчезнато лице
-

Рубио: Украина не би постоела без поддршката од САД
-

Ветер и дожд во наредните денови, следува посвежо време
-

28 сигнални пиштоли пронајдени при претрес на 63-годишен кумановец
-

Кај 25-годишник од струмичко пронајдена тегла и кеса со марихуана
-

Судењето за „Пулс“ продолжува со вкрстено испитување на вештакот на одбраната Русески
-

Во недела започнува зимското сметање на времето - Часовниците се враќаат еден час наназад
-

Андоновски од Сеул: Не смееме да дозволиме ВИ да ги дели државите на богати и сиромашни
