МВР: Лишени 20 возачи од слобода, 16 возеле без возачка дозвола

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 20 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив 16 управувале возило без возачка дозвола, од кои еден малолетник, а четири лица под дејство на алкохол - соопшти Министерството за внатрешни работи.
-Во Скопје пет лица управувале возило без возачка дозвола (едно било и под дејство на алкохол), три лица во Кочани (еден малолетник), две лица во Гостивар и по едно лице во општина Кривогаштани, Градско, Кичево, Тетово, Штип и Прилеп возеле без возачка дозвола. Додека, по едно лице во Прилеп, Виница, Куманово и Македонски Брод управувале возило под дејство на алкохол, посочуваат од МВР.
Од Министерството најавуваат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол, со порака сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Наместо со ЕУ интеграциите да си ги менуваме институциите, некои земји сакаа да ни го сменат идентитетот
-

Анкета: Рејтингот на Трамп падна на 32%, најниско ниво досега
-

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата
-

Калас ги повика земјите од ЕУ да ја задржат политиката на санкции кон Русија
-

Макрон: Со Трамп имавме многу конструктивен разговор за Црвеното Море и Украина
-

Во Србија почнува исплатата на еднократна помош од 6.000 динари
-

Променливо облачно и ветровито
-

Мицкоски во Њујорк се сретна со заменик секретарот Кристофер Ландау
