МВР на Србија: Во писмо за министерот Дачиќ пронајдени три куршуми

Српското МВР соопшти денеска, дека вчера, при редовното сортирање на поштата во зградата на Владата на Србија, во коверт адресиран до вицепремиерот и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, биле пронајдени три куршуми.
При безбедносната проверка на пратката на рендгенски уред, било утврдено дека во пликот има куршуми. Истрагата утврдила дека пликот бил предаден на 26 август во канцеларијата на Поштата на Србија во Пожаревац. Полицијата го идентификувала и го пронашла лицето кое го предало пакетот, а понатамошната работа за утврдување на сите околности на настанот е во тек.
Министерството за внатрешни работи на Србија нагласи дека презема сите мерки и дејствија пропишани со закон со цел да се заштити безбедноста на граѓаните и институциите на државата.
МИА
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: По наследеното катастрофално финансиско наследство, Скопје денес чекори кон стабилизација
-

Советот на Општина Центар едногласно го усвои буџетот за 2026 година
-

Преглед на вестите од светот
-

Миса во Католичката црква во Скопје за Божиќ
-

Тема нa денот со Љупчо Николовски, пратеник од СДСМ
-

Уставен ќе ги испитува коефициентите за плати на судиите и обвинителите
-

Се одложува пресметката на просечна потрошувачка кошничка зашто синдикатите и работодавачите не дале мислење
-

Бугарија понуди помош за снабдување со мазут, Владата ја одби
