-->
-->
МВР: При петрес во Македонски Брод пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице
-->

При претрес во Македонски Брод полициски службеници од ОВР Македонски Брод вчера пронашле дрога и лишиле од слобода едно лице, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Полициски службеници од ОВР Македонски Брод вчера во 20:45 часот во село Сланско, Македонски Брод, го лишиле од слобода Г.М. (42) од Скопје.
-При претрес во домот во с.Сланско, по добиена наредба од Основен суд Кичево, била пронајдена марихуана, дробилка и дигитална вага со траги од марихуана - информираат од МВР.
По документирање на настанот, против Г.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
