МВР со детали за пожарите кај Зелен пазар и Кисела Вода
Пожари во Скопје зафатиле четири возила, продажни објекти, станбена зграда, доцна синоќа и рано изутринава.
Од Министерството за внатрешни работи информираа попладнево дека во 23:07 часот синоќа, во Секторот за внатрешни работи - Скопје било пријавено дека на паркинг - простор на булеварот „11 Октомври“, опожарено било патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице. Од огнот биле зафатени и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, како и дел од продажен објект.
Денеска во 3:47 часот во СВР - Скопје било пријавено дека на улицата „Дичо Петров“ во градот, опожарено било патничко возило „ренџ ровер“ со словачки национални ознаки, сопственост на В.Д., 41-годишно лице од Скопје. Зафатени биле и патничко возило „голф“ со бугарски национални ознаки, како и дел од фасада од станбена зграда и дел од продажен објект.
Од страна на Бригадата за противпожарна заштита, пожарите биле изгаснати. Повредени лица нема, извршени биле увиди. Се преземаат мерки за расчистување на случаите.
МИА
Ново на Сител
-
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди своја резолуција, на СДСМ имала неточни факти
-
Тема на денот со Владимир Божиновски
-
Обраќање на претседателката Сиљановска - Давкова пред Генералното собрание на ООН
-
Мицкоски најавува „македонска резолуција“
-
Преспанското Езеро забрзано старее - потребни се заеднички мерки
-
Пивара Скопје го претстави првото пченично пиво - Скопско Weiss
-
Обраќање на претседателката Сиљановска - Давкова пред Генералното собрание на ООН
-
Филипче ги претстави „црвените линии“ – постави рок до 10 февруари да се спроведат уставни измени