МВР во врвот на најтранспарентните министерства: 75,90% исполнетост на индикаторите во Индексот на отвореност 2026

Министерството за внатрешни работи бележи подобрување во најновото истражување на Фондацијата „Метаморфозис“ - „Процена на доброто владеење на извршната власт во Северна Македонија и регионот преку Индекс на отвореност 2026“, спроведено според мерењето за 2025 година.
Според објавените резултати, МВР има 75,90% исполнетост на индикаторите за отвореност, што претставува зголемување во однос на претходното мерење, кога резултатот изнесувал 73,3%.
Особено се издвојуваат резултатите во неколку важни области:
100% исполнетост на индикаторите за интегритет - област што ги опфаќа механизмите за етичко однесување, спречување судир на интереси и институционална одговорност.
100% исполнетост на четирите разгледувани индикатори за ефикасност - поврзани со стратегиското планирање, известувањето и следењето на институционалното работење.
75,90% вкупна отвореност - резултат со кој МВР е на второто место меѓу министерствата опфатени со истражувањето.
Дополнително, во областа на транспарентноста МВР има 72,46% исполнетост на индикаторите, што го вбројува меѓу министерствата со повисоки резултати во оваа категорија.
Овие податоци се важен показател за примената на стандардите за отвореност, отчетност и добро управување, но и поттик за натамошно подобрување на достапноста на информациите и комуникацијата со граѓаните.
Овие резултати се потврда за посветеноста на раководството на Министерството за внатрешни работи кон градење поотворена, поотчетна и потранспарентна институција.
Борбата против криминалот и корупцијата не подразбира само одлучно постапување на полицијата, туку и одговорно, чесно и транспарентно работење на самото Министерство.
Токму затоа продолжуваме со истата посветеност - за институција во која граѓаните ќе имаат доверба, а законите и одговорноста ќе важат подеднакво за сите. Отвореноста и транспарентноста се секојдневна обврска на институциите кон граѓаните, велат од МВР.
Ново на Сител
-

Нови 100 возила за брза помош
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ декласирани во Брвеница
-

Дрвокрадците пустошат - Надлежните најавија засилени контроли
-

Преглед на вестите од светот
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
