МЗ: 152 пациенти се хоспитализирани во здравствените установи, 18 се во критична состојба

Во моментов, 152 пациенти се хоспитализирани во различни здравствени установи низ државата, каде што им се пружа неопходна медицинска помош, информираа од Министерството за здравство. Оттаму соопштуваат дека веднаш по несреќата, здравствениот систем бил целосно мобилизиран, а сите болнички капацитети биле ставени во функција за да се обезбеди најдобра можна грижа за повредените.
На Детска хирургија има четири хоспитализирани пациенти, на Клиниката за пластична хирургија - 11, Клиничката болница Штип – 45, Општата болница Кочани – 30, Св. Наум Охридски – 29, „8 Септември“ – 17, КАРИЛ – 16.
Од вкупниот број хоспитализирани, 18 пациенти се во критична состојба од кои тројца на Детската хирургија, седум во Градската општа болница и тројца во Старата градска болница.
Таравари пред Ургентниот центар рече дека во Министерството за здравство е формиран штаб којшто е во комуникација со сите здравствени установи што имаат примено пациенти.
Генерално покритичните пациенти се донесени во Скопје.
Тој најави дека ќе се утврдува кои пациенти се оние кои ќе бидат згрижени надвор од државата.
- Министерството за здравство ја уверува јавноста дека сите расположливи ресурси се ставени во функција и дека ниту еден пациент не е оставен без неопходна грижа. Наш приоритет останува спасувањето животи и обезбедувањето најдобри можни услови за закрепнување на повредените, соопштија од МЗ.
Притоа изразија благодарност до сите општествено-одговорни граѓани и субјекти кои помагаат во овие тешки моменти и доброволно понудија помош.
Телефон за дополнителни информации за состојба на пациентите:
ГОБ 8 Септември - 071226764
Клинички центар- 070387115
СВ Наум Охридски - 075203026.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Јавноста очекува одговори како беа „оживеани“ предметите на СЈО, за 27 април, за модуларната болница во Тетово
-

Облачно и студено до недела, ветер и до 70 километри на час
-

Ново зголемување од 7,5 проценти на платите во образованието, најави Мицкоски
-

Мицкоски: Единствено ние ги намаливме цените на горивата минатата недела, граѓаните да бидат спокојни состојбата се следи, има доволно количини
-

Фирма од Свети Николе оштетена за 44.222 евра при компјутерска измама
-

Одложено судењето против 13 полицајци за пожарот во дискотеката „Пулс“
-

Стефковски: По четири децении, Домот на културата „11 Октомври“ повторно оживува
-

Цената на нафтата падна на помалку од 100 долари по барел по најавата за крај на војната на Блискиот Исток
