МЖСПП: Во Трубарево нема надминување на граничните вредности на PM₁₀ честичките
Просечните концентрации на PM₁₀ честички во Трубарево се во рамките на дозволените граници, покажува Извештајот од индикативни мерења на квалитетот на воздухот на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Идикативни мерења на суспендирани цврсти честички со големина до 10 микрометри (PM₁₀) на мерното место во зоната на Трубарево, како што информираат од МЖСПП, се спроведени во периодот од 17 септември (09:30 часот) до 18 септември (09:30 часот).
Од Министерството велаѕ дека мерењата се извршени со автоматскиот систем AMBICON RTM–PM, нефлометар кој овозможува реално време следење на концентрациите на честички во воздухот, со селекција на фракцијата PM₁₀. За мониторинг беше користен инструмент ES-642, METONE, USA, сертифициран за индикативни мерења согласно MCERTS, UK.
Според резултати од мерењата просечна концентрација е 10.9 µg/m³, максимална измерена вредност 25.6 µg/m³, а моментална вредност: 16.5 µg/m³.
- Според добиените резултати, просечните концентрации на PM₁₀ честички се во рамките на дозволените граници и не е евидентирано надминување на граничните вредности. Концентрациите се движат во рамките на 24-часовната гранична вредност за заштита на здравјето на луѓето, согласно Уредбата за гранични вредности за загадувачки супстанции во амбиентниот воздух („Службен весник на РМ“, бр. 183/17), се наведува во доопштението од Министерството.
МИА
Ново на Сител
-
Извршен увид на местото на пожарот во Трубарево, продолжен притворот на четворицата осомничени
-
Две лица од Струга приведени поради обид за убиство на 52-годишник
-
Сончеви денови пред нас, но со посвежи утра
-
130 грама кокаин пронајдени во дом на 60-годишник во Тетово, уапсени две лица | ФОТО
-
Во јули исплатени 16,5 милиони евра за изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д
-
Алиу: Комисијата ги анализира случаите на кардиохирургија, извештајот ќе биде јавно објавен
-
На ГП Табановце приведен белгиски државјанин, кај него е пронајдена марихуана
-
Совети за пријатни, а штедливи излети, патувања и авантури