Loading Video...
Кошарка
9. February 2022 - 2:45

МЗТ Скопје против Подгорица за враќање на победничките патеки

Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе го одигра вториот натпревар на турнирот во Бања Лука каде се одржува четвртиот турнир во АБА2 лигата.
 
Откако пред два дена беа поразени од Сутјеска, аеродромци вечерва ќе се обидат да се вратат на победничките патеки, а со тоа и на второто место  на  танелата, во дуелот со уште една црногорска екипа. Станува збор за составот на Подгорица кој со само три победи досега е на 12.место на табелата, пред битолски Пелистер кој вчеравечер  загуби од Ровашка со 92:79. 
 
Вечерашниот натпревар меѓу МЗТ и Подгорица ќе започне во 21 часот.