Loading Video...
Кошарка
14. December 2021 - 18:28

МЗТ Скопје А. со пресврт во втоориот дел го победи Хелиос

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го забележаа првиот триумф во Сараево, каде се одржува третиот турнир од АБА2 лигата. 
 
Во меч од 5.коло против словенечкио Хелиос, аеродромци иако на полувреметто имаа негатива од 10 поени разлика сепак со ангажиранја игра во вториот дел на крајот заслужено се радуваа со конечни 94-88 притоа остварувајќи ја својата четврта победа сезонава.
 
МЗТ следен натпревар ќе го игра во четврток против екипата на Спарс од Сараево, додека утре (среда) кошаркарите на Пелистер кои во понеделникот загубија од Широки (83-82) ќе го играат мечот од 6.коло, а противик ќе им биде екипата на Борац од Бања Лука,
 
Покрај овие натпревари, до крајот на овој турнир во Сараево, МЗТ и Пелистер ќе одиграат уште по еден натпревар.