На 17 години заминал во Канада, работел на фарма и чистел котли во пилана – денес Илон Маск е најбогатиот човек во светот
Пред да стане најбогатиот човек во светот и да изгради деловна империја вредна стотици милијарди долари, Илон Маск заработувал со работа на фарма и во пилана во Канада.
Неговиот пат започнал во 1989 година, кога на само 17 години ја напуштил Јужна Африка и заминал во Канада со околу 4.000 долари.
По пристигнувањето во Монтреал, Маск се соочил со првата непредвидена ситуација. Роднината кај кого планирал да престојува веќе не живеел во градот, поради што првата недела ја поминал во младински хостел, делејќи соба со уште пет лица.

Потоа заминал во провинцијата Саскачеван, каде што шест недели работел на фарма на свој роднина, извршувајќи различни земјоделски работи.
Една од неговите најтешки работни задачи следувала во Ванкувер, каде што се вработил во пилана. За 18 долари на час чистел индустриски котли, работејќи во тешки и непријатни услови.
Овие детали од неговата младост се опишани во биографијата на Маск, напишана од Волтер Ајзаксон.

Речиси четири децении подоцна, Маск е на врвот на листата на најбогатите луѓе во светот, со проценето богатство од над 811 милијарди долари. Неговото богатство главно произлегува од уделите во компаниите „Тесла“, еден од најпознатите производители на електрични автомобили, и „Спејс икс“, компанија која развива ракети и вселенски летала. Покрај автомобилската и вселенската индустрија, Маск е активно вклучен и во развојот на вештачката интелигенција и новите технологии, со што стана една од највлијателните личности во современиот деловен свет.
Ново на Сител
-

Даночни инспектори обвинети за поткуп - му откривале на Деко кога ќе има контроли во „Пулс“
-

Дигиталното насилство како реална опасност
-

Расте бројот на деца жртви, но и на малолетници кои прават прекршоци
-

Владата формира национален комитет за заштита на новинари
-

Народниот правобранител нотира - ниту еден затвор нема 24-часовна здравствена служба
-

Постизборна Србија: Студентите бараат чистка во медиумите
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања
-

Над 5.000 договорци ќе добијат шанса за редовно вработување - поднесен нов закон
