На 29 октомври граѓаните ќе добијат електронска лична карта и возачка дозвола преку апликацијата „м.Услуги“

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска најави дека на 28 октомври ќе биде промовирана националната мобилна супер-апликација „м.Услуги“, преку која граѓаните ќе можат да пристапуваат до електронски документи и државни услуги директно од своите мобилни телефони.
Образложувајќи го проектот пред пратениците, Андоновски одговарајќи на пратеничко прашање истакна дека целта е постепено да се промени начинот на кој граѓаните комуницираат со институциите и да се овозможи пристап до јавните услуги на ист начин како што денес се користат банкарските и другите дигитални услуги.
- На 28 октомври ја планираме официјалната промоција на м-Услуги, национална мобилна супер апликација преку која граѓаните ќе добијат пристап до своите електронски документи и до државните услуги директно од мобилниот телефон - рече Андоновски.
Тој информираше дека проектот е развиен во соработка со Европската Унија, Лисабонскиот совет, како и со поддршка од Полска и Украина и дека неговата вредност е над 1,5 милиони евра.
- Ова е проект вреден повеќе од 1,5 милиони евра, средства директно од Европската Унија и 0 денари од македонскиот буџет - нагласи министерот.
Андоновски потенцира дека апликацијата ќе биде бесплатна и незадолжителна за користење.
- Апликацијата е бесплатна за сите граѓани и нејзиното користење нема да биде задолжително за ниту еден граѓанин. Целта не ни е да бидеме нова обврска, туку нова можност - истакна министерот.
Според него, во првата верзија граѓаните ќе можат да пристапуваат до електронските верзии на личната карта и возачката дозвола, а ќе бидат достапни и услуги за потврда за стаж и пристап до лични податоци од Централниот регистар на население.
Тој појасни дека дигиталните документи нема да претставуваат едноставни фотографии од документите, туку ќе бидат поврзани со сигурен механизам за електронска идентификација.
- Дигиталниот документ не е обична фотографија од личната карта зачувана во галерија на телефонот, туку документот е директно поврзан со сигурен механизам за електронска идентификација со можност институцијата да ја провери неговата автентичност и валидност во реално време - рече Андоновски.
Во наредните фази, додаде министерот, апликацијата ќе нуди дополнителни функционалности, како што се електронско сандаче, потсетници за истекување на важни документи и полесен пристап до најкористените услуги на институциите.
Како инспирација за македонското решение тој ги посочи украинската апликација „Диа“ и полската „mObywatel“, наведувајќи дека во Полска за четири години мобилната апликација ја користат 12 милиони граѓани.
Според најавите, „м.Услуги“ ќе биде достапна за преземање преку платформите Play Store и App Store од 29 октомври, ден по официјалната промоција.
- Нашата цеол е многу едноставна: граѓанинот да има избор – да продолжи да ги користи постојните начини или да заврши сè повеќе административни постапки преку својот мобилен телефон брзо и ефикасно - рече министерот Андоновски.
МИА
Ново на Сител
-

Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР не постапува по етнички предзнак
-

35-годишен маж затекнат сред обид за кражба во стан - приведен откако го нападнал совственикот
-

„Хероите живеат вечно“ мурал во чест на Сашо Самојловски и Жарко Кузмановски - бранители од Диво Насеље
-

44-годишен маж нападнал тројца соседи поради нерасчистени имотно-правни односи
-

Скопјанец измамен за сума од 338.250 денари
-

Скопјанец прегазил 70-годишно лице во инвалидска количка
-

Мотоциклист тешко повреден по сообраќајка во Скопје
-

Штипско училиште ги забрани телефоните но и грицките и обоените сокови
