На аеродром во Индија пронајдени 48 отровни змии и пет желки во куфер
Индиските власти заплениле 48 отровни змии и пет желки скриени во багажот на патник што допатувал од Тајланд на меѓународниот аеродром Чатрапати Шиваџи Махараџ во Мумбај, јави весникот „Hindustan Times“, а пренесе агенцијата Анадолија.
Патникот од Бангкок бил запрен на контрола при влез во Индија, кога безбедносните служби откриле илегална пратка со диви животни.
Меѓу нив имало три исклучително отровни змии од семејството на пајаколики поскоци и пет азиски лиснати желки.
Организацијата за заштита на дивиот свет Resqink Association for Wildlife Welfare (RAWW) ги потврди видот и ризикот на запленетите животни, нагласувајќи дека овие змии се исклучително опасни и претставуваат сериозна закана за локалниот екосистем.
Согласно индискиот Закон за заштита на дивиот свет, сите запленети животни ќе бидат вратени во земјата од која биле незаконски увезени.
Ново на Сител
-
Во израелските напади е убиен шефот на Иранската револуционерна гарда
-
Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто во работна посета на земјава
-
Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на реконструиран патен правец Охрид (Коњско) – Св. Наум
-
Напаѓачот во Грац го испланирал масакрот „до најмал детал“
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Трамп: Разочаран сум и од Русија и од Украина
-
Преживеаниот Британец од Ер Индија: Во ред сум