На атинското пристаниште откриени 39 килограми кокаин во вредност од над еден милион евра

Во контејнер со банани што на атинското пристаниште Пиреас пристигнал од Еквадор биле откриени 39 килограми кокаин, чија вредност се проценува на над еден милион евра, соопштија од Независната управа за јавни приходи, јави дописничката на МИА од Атина.
Контејнерот од Еквадор содржел 1.080 кутии банани, а во надворешниот механизам за ладење биле скриени 34 импровизирани пакувања со запленетиот кокаин.
Случајот бил откриен по соодветни акции и искористување на информациите од анализите на ризик и процена од страна на службеници на Одделот за наркотици при генералниот директорат на Службата за гонење на економски криминал, која од неодамна е дел од Независната управа за јавни приходи, во соработка со службеници на Одделот за борба со нелегална трговија при царината во Пиреас и полициски службеници од Поддирекцијата за наркотици при Дирекцијата за борба против организиран криминал (DAOE).
МИА
Ново на Сител
-

Пет лица повредени во сообраќајка кај Петровец
-

Рускиот преговарач вели дека разговорите за Украина се „конструктивни“
-

Нештетно уништени 22,3 тони киви за преработка
-

Најстудено утрово во Тетово, Битола, Прилеп и Берово со измерени -4
-

Скопје утрово е најзагаден град во Европа
-

Албанезе нареди безбедносна ревизија по нападот на плажата Бондај
-

Сообраќајот без застои, магла на повеќе патни правци низ државата
-

Променливо облачно и тивко со сончеви периоди
