На експресниот пат Крива Паланка-Страцин ќе се градат нови клучки кај Десетак и Петралица

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) најавува изградба на две нови клучки на експресниот пат Крива Паланка–Страцин со цел подобра поврзаност со локалната патна мрежа. Ќе се градат клучки кај местото „Десетак“, којашто треба да ја подобри поврзаноста со село Отошница и кај Петралица за полесен пристап до Технолошко индустриската зона Ранковце.
Како што објави ЈПДП на својата фејсбук страница, проектната документација за двете клучки е во финална фаза и се очекува нивно одобрување од страна на надлежните институции.
Директорот на ЈПДП Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Ранковце Борче Спасовски биле на терен на локациите каде што ќе се градат новите две клучки.
- Со изградбата на двете клучки ќе се овозможи: побезбеден и поефикасен сообраќај; подобра поврзаност со локалната патна мрежа, подобар пристап до образовни, здравствени и економски центри, поттик за локален развој, туризам и инвестиции, информираат од ЈПДП и истакнуваат дека остануваат посветени на изградба на модерна и безбедна инфраструктура низ целата држава.
МИА
Ново на Сител
-

Електронски листи за операции
-

ФЗО: Иако буџетот е ист како лани ќе има скапа терапија за онколошките пациенти
-

Тема на денот со Димитар Николовски, Евротинк
-

Протест со барање да се вози без возачка дозвола
-

Крмзов седна на обвинителна клупа, одговара за даночна измама
-

Обвинителството отвори предмет за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД
-

Мицкоски: Да се воздржиме од коментари додека трае истрагата
-

ССМ поднесе иницијатива за намалување на функционерските плати за 80%
