На ГП „Блато" приведен албански државјанин баран со меѓународна потерница

На граничниот премин „Блато" на македонско - албанската граница приведен е албански државјанин, баран со меѓународна потерница.
- Вчера во 15:05 часот на граничниот премин „Блато" на влез во државата, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Блато" го лишија од слобода А.Б.(38) од Република Албанија, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
При пасошка и гранична контрола, полициските службеници констатирале дека бил баран со меѓународна потерница од Интерпол-Унгарија.
Тој е пренесен во Одделението за внатрешни работи - Дебар за понатамошна постапка.
На овој премин во средината на минатиот месец на влез во државава, од слобода беше лишен Ј.В. (44) од Република Албанија, кој бил баран од страна на Интерпол Луксембург.
МИА
Ново на Сител
-

Јаневска: Реализиравме бројни реформи, го подигнуваме квалитетот на образованието
-

Трипуновски: Од почетокот почнавме со решавање на наталожените
-

Струмичкиот музеј чува модел на фудбалска топка од финалето на првото Светско првенство во Уругвај
-

Јаневска од Штип - од есен реновирање на 7 студентски домови во државата
-

„Стоп за Усје“ на протест – граѓаните бараат Министерството да не и даде нова лиценца на компанијата
-

Тема на денот со проф. д-р Константин Димитров
-

Протестен марш ,,Стоп за Усје‘‘ против аерозагадувањето
-

Повеќе пари за инвестиции, земјоделие, образование: Владата го усвои ребалансот на Буџетот
