На ГП „Блато“ за девет месеци историски рекордна бројка - над милион патници или 74 отсто повеќе од истиот период лани

Продолжува трендот на зголема фрекфенција на граничнот премин „Блато“ на македонско - албанската граница кај Дебар, каде во периодот јануари-септември минале над милион патници, што е историски рекордна бројка.
-Во период од јануари до септември на на ГП „Блато“ остварен е проток на вкупно 1.072.646 патници што е зголемување за 74 отсто, споредено со истиот период минатата година, кога таа бројка изнесуваше 616.838 патници. Најголем проток има во месец август или 207.601 патник од нив домашни 71.259, од нив на влез 25.941 и на излез 45.318 патници. Од вкупната бројка 136.342 се странци, при што на влез во нашата земја се регистррани 74.907 додека на излез 61.435 патници, изјави за МИА, Стефан Димоски, портпарол на секорот за внатрешни работи-Охрид.
Поголема фрекфенција споредено со лани е забележана и во останатите осум месеци, но најголем раст на бројот на патници, има во месец јули, кога минале 157.017 наспроти 76.076 минатиот јули, како и во септември кога границата ја минале 133.291 патници, наспроти септември 2024 година кога минале 72.520 патници.
-Во јули македонски државјани се 46.443, од нив на влез 19.646 додека на излез 26.797, а во септември 15.999 на влез и 23.323 патници на излез. Што се однесува на странски државјани, во јули на влез се регистррани 58.883 а на излез 51.691, додека во септември на влез 52.652 и на излез 41.317 патници, нагласи Димоски.
Граничниот премин „Блато“ почна да функционира во 1992 година, но поради лошата патна инфраструктура на албанска страна протокот беше мал.
Континуирано зголемувањето на протокот на патници и возила почна со пуштањето во употреба на автопатот „Патот на Арбр“ (Руга е Арбрит), во ноември 2021 година, со што оддалеченоста од преминот до Тирана до средината на март изнесуваше 80 километри, што беше намалување на оддалеченоста за стотина километри.
Од средината на март годинава, кога беше пуштен за сообраќај тунелот Муриз оддалеченоста е уште помала, па од Дебар до Тирана сега се стигнува за еден час.
Македонските граѓани во Албанија патуваат најчесто за одмор, посета на роднини, но и за бизнис. Албанските граѓани, оние од пограничните места, кај нас доаѓаат, главно заради шопинг, посета на роднини, туризам и сезонска работа.
МИА
Ново на Сител
-

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
