На ГП „Џепиште“ кај Дебар за шест месеци минале 22.919 патници, најголема бројка досега
Во првата поливина од годинава зголемена фрекфенција е регистрирана на граничниот премин Џепиште – Требиште, на македонско – албанската граница, кај Дебар, кој е втор премин на овој дел од границата, покрај ГП „Блато“.
-На овој премин, кој е од регионален карактер, во периодот јануари - јуни годинава регистриран е вкупен проток на патници од 22.919 што е за околу 5 отсто повеќе споредно со истиот период минатата година, кога преку преминот минале 21.771 патници. Тоа значи дека ова е највисока фрекфенција до сега, информираа за МИА, од македонското МВР.
Од вкупниот број, македонски државјани кои оствариле влез/излез се 1.514 наспроти 1.227 истиот период минатата година, дедека албански државјани вкупно 21.405 наспроти 20.514 во споредбениот период лани.
Преминот беше отворен во мај 2013 година и право да го користат имаат само жителите од граничниот регион, што подразбира оние од дебарскиот регион и областа Голо Брдо, од албанска страна.
Во летниот период, односно од први април до 31 октомври, работи од 8 до 20 часот, додека во останатиот период, односно од 1 ноември до 31 март, од 8 до 18 часот.
Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, неодамна повторно го актуелизира барањето македонската и албанската влада, да го реализираат договореното, на заедничката седница, одржана во Поградец на 15 декември 2017 година. Тогаш беше донесена одлука, овој премин да работи 24 часа, што според друштвото, меѓу другото, ќе услови поголем број туристи да ја посетуваат областа, која располага со многу природни убавини и културно историски споменици
Ново на Сител
-
По два дена нормализирано водоснабдувањето во Тетово
-
Дубровник најбезбеден туристички град во Европа
-
Албанија: Ситуацијата со пожарите се уште тешка, целосно пеплосани шест села кај Грамш
-
Кривична пријава против четири лица за престрелката во Тетово, одреден 30-дневен притвор, по две лица се трага
-
Почина оперската примадона Милка Ефтимова
-
ЈКП Комуналец Пехчево: Водата според анализите не е безбедна за пиење
-
Мицкоски: Имаме обврска сите да обезбедиме подобра иднина за граѓаните
-
Енрике прогласен за најдобар тренер во Европа во изборот на ЕСПН