На солунското пристаниште откриени речиси 58 килограми дрога

Во контејнер со банани, што од Еквадор пристигнал на пристаништето во Солун, биле откриени речиси 58 килограми дрога, веројатно кокаин, во вредност од околу 1,6 милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Крајбрежната служба на Грција претпладнево соопштија дека на 9 мај во механизмите за ладење на ладилник-контејнер со легален товар банани, со потекло од пристаништето во Еквадор, биле пронајдени 50 пластични пакувања, најверојатно со кокаин, со вкупна бруто тежина од 57 килограми и 919,6 грама.
– Вредноста на горенаведената количина се проценува на околу еден милион и шестотини илјади евра (1.600.000 евра), соопштија од Крајбрежната служба на Грција.
Дрогата била откриена од припадници на Секторот за борба против дрога при Централната пристанишна управа на Солун, со помош на рендгенски апарат, а во рамките на деталните проверки на контејнери на солунското пристаништето.
Запленети се дрогата, контејнерот како средство за прикривање и транспорт, како и системот за следење, што бил поставен заедно со дрогата.
Ново на Сител
-

Нов внатрешен судир ја тресе СДСМ
-

Анкета: Голем број граѓани поддржуваат да се ограничи пушењето цигари на јавни места
-

Европските либерали изгласаа итна резолуција против историските вета и малтретирањата на ЕУ-границите
-

Експерти: Насилството меѓу малолетниците станува брутално
-

Од утре се очекува зголемување на цените на бензинот и дизелот
-

СДСМ нема да го поддржи ребалансот на буџетот
-

Преглед на вестите од светот
-

Златни денови Кратово 2026
