Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“
Незаконско заземање на плажите со поставени лежалки и чадори од бич баровите, недостаток на спасувач, како и пречки за слободен пристап и недостиг на инфраструктура за лица со попреченост, се главните пријави поднесени преку специјалната апликација на грчката Влада „MyCoast“ за нерегуларности на плажите во Грција, а досега биле доставени над 11.500 пријави од кои најголемиот број се на Халкидики, јави дописничката на МИА од Атина.
Според податоците од Министерството за национална економија и финансии, што ги пренесуваат грчките медиуми, заклучно со 17 август на апликацијата имало 11.512 пријави за плажите ширум Грција, од кои 2.433 се однесуваат на Халкидики, 1.048 на источниот дел на областа Атика, поширокиот дел на Атина, 817 на Халкидики и 793 на Додеканизите.
Портпаролот на Министерството Омирос Цапалос за грчката државна телевизија ЕРТ посочи дека во споредба за истиот период, пријавите се двојно помали, „што значи дека оваа година работите се поорганизирани“.
„MyCoast“ е бесплатна апликација за мобилните телефони преку која посетителите на плажите можат да се информираат за законскиот простор доделен на бич бар да постави лежалки, за тоа дали е предвидено присуство на спасувач, дали има специјална рампа за лица со инвалидитет и сл., а доколку забележат отстапки од пропишаното, имаат можност анонимно или со име и презиме да достават пријава.
Од 11.512 пријави, 7.449 се однесуваат на незаконски поставени лежалки вон дозволениот простор, а и во овој дел поголемиот број се на Халкидики.
За нерегуларностите на плажите предвидени се високи парични казни.
МИА
Ново на Сител
-
Тема на денот со проф.Борче Давитковски
-
Жителите на с. Љубојно со денови протестираат против сечата на дабова шума
-
Трамп подготвува средба помеѓу Зеленски и Путин
-
Државата го доби Казандол на арбитража и заштеди 115 милиони евра
-
Притвореници не се спроведуваат на судења поради недостиг на затворски полицајци
-
Лице кое било под лупа на ДКСК кривично ја гони екс претседателката
-
Меџити и Ѓорѓиевски не очекуваат хаос со изборните листи – Зелен Хуман град собира потписи за нова партија
-
ДИК не донесе упатство