Над 130.000 казни од почетокот на „Safe City“, 95% од нив за брзo возење

Во периодот од февруари до јуни оваа година, бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди е намален за 40 отсто, од 55 жртви во истиот период минатата година, на 34 оваа година - соопшти Министерството за внатрешни работи.
Посочуваат дека „Безбеден град“ е проект што спасува животи и гради побезбедна иднина.
-„Безбеден град“ е проект за кој долго се зборуваше, а ние го реализиравме. Денес тој претставува еден од најважните механизми за модернизација на полициското работење и заштита на животите на граѓаните. Резултатите веќе го потврдуваат тоа - велат од Министерството.
Од МВР информираат дека од почетокот на примената на системот се евидентирани над 130.000 сообраќајни прекршоци, а повеќе од 95 отсто од нив се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина.
-Тоа јасно покажува дека најголемата опасност на нашите патишта не се камерите, туку неодговорното возење - велат од Министерството.
Од МВР посочуваат дека продолжуваат со неговата имплементација низ целата држава, затоа што, како што потенцираат, нашата цел не е да изрекуваме повеќе казни, туку да имаме помалку сообраќајни несреќи, помалку изгубени животи и побезбедни патишта за сите.
-„Безбеден град“ е технологија што спасува животи. Безбедноста нема алтернатива - велат од МВР.
Ново на Сител
-

Нов случај на врсничко насилство, прободено 12 годишно момче
-

Пожарите изгаснати, штетите огромни
-

Расправа за ребалансот
-

Над 5.000 граѓани се пријавиле за мерката самовработување, во Прилеп досега пријавени 316
-

Трамп со пораки од Маунт Рашмор
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
