Над 27.000 деца ќе учествуваат на „Плазма - Спортските игри за млади“

На Плоштадот „Македонија“ во Скопје денеска свечено ќе бидат отворени „Плазма - Спортските игри за млади“ на кои ќе учествуваат над 27.000 деца од целата држава.
Игрите опфаќаат разни спортски дисциплини и ќе се реализираат преку натпревари на локално, регионално и државно ниво. Најуспешните млади спортисти ќе обезбедат пласман на меѓународното финале во Сплит, каде што е се натпреваруваат со врсници од регионот.
Со тоа, како што нагласуваат организиторите, Македонија првпат станува дел од едно од најголемите аматерски спортски движења за деца во Европа.
Министерот за спорт Борко Ристовски вчера на прес-конференција нагласи дека приклучувањето на Македонија кон овие игри е резултат на подолг процес и јасна државна заложба. Посочи дека државата е подготвена за организацијата и дека инвестициите во спортот се суштински важни.
- Ние како домаќини сме целосно подготвени. Кога државата, во соработка со организацијата на игрите, има комплетна контрола врз ситуацијата, тогаш сме сведоци дека сè поминува во најдобар ред. Се залагаме за инвестирање во спортот, младите и инфраструктурата бидејќи сметаме дека тоа е единствениот правилен пат по кој треба да се оди - изјави Ристовски.
На отворањето на Спортските игри ќе присуствуваат и ќе се обратат премиерот Христијан Мицкоски, министерот Борко Ристовски, градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, претседателот на Плазма спортските игри за млади Здравко Мариќ и претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија Елена Мицковска.
По свеченото отворање предвидено е да има изјави за медиуми од познати спортски ѕвезди.
Свечениот почеток на „Плазма - Спортските игри за млади“ ќе биде симболично означен со палење на пламенот на плоштадот „Македонија“.
МИА
Ново на Сител
-

Реставрирани уште две скапоцени дела од Бигорската ризница
-

По случувањата во Гостивар, министерот Клековски во посета на Општата болница
-

Повеќе од 100 куќи уништени во пожар во Норвешка
-

Иранската војска соопшти дека нападнала база за американски дронови и главен центар за ВИ во Бахреин
-

СП 2026: Франција и Англија ќе играат за третото место
-

Трамп: Канада е одговорна за пожарите кои им нанесуваат штета на САД, ќе им наплатиме преку царини
-

Американската војска почна нова серија напади врз Иран, соопшти ЦЕНТКОМ
-

Премиерот Мицкоски во посета на Општина Дебрца
