Над 47.000 жени и девојчиња убиени од најблиските во светот во 2025 година

Повеќе од 47.000 жени и девојчиња, или приближно пет на секој час, биле убиени од нивните интимни партнери или членови на семејството во светот во текот на 2025 година. Оваа бројка во суштина е непроменета во однос на претходните години – се наведува во извештајот на Обединетите нации објавен денеска.
Извештајот е објавен во пресрет на Меѓународниот ден за елиминација на насилството врз жените и покажува дека од вкупно 78.000 жени и девојчиња, што минатата година биле жртви на убиства, околу 60 отсто настрадале од интимни партнери или членови на семејството. Документот опфаќа анализа на статистичките податоци од 122 земји и територии.
Според процените на ОН Жени, како и на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ), бројот на жени и девојчиња убиени од партнер или член на семејството во последните години се движи меѓу 45.000 и 51.000 годишно, објави УНОДЦ на својата веб-страница.
Африка повторно е регионот со најголем број жени и девојчиња убиени од интимни партнери или членови на семејството – 22.100. Следуваат Азија со 15.100 жртви, Америка со 7.400, Европа со 2.100 и Океанија со 300.
Во извештајот се посочува дека, иако стапката на убиства на глобално ниво е намалена, бројот на фемициди опаѓа побавно, особено во Америка и Европа.
МИА
Ново на Сител
-

Најмалку две лица загинаа, а 22 се повредени во руските напади врз Запорожје
-

Магла кај Попова Шапка, сите државни патишта проодни
-

Сончево и постудено
-

Зеленски повторно побара Украина да стане членка на НАТО
-

Мерц ја повика Русија да запре со „опасните провокации“ откако паднаа три ракети во Полска
-

Татко и син истепале лекар и медицинска сестра во поликлиника „Јане Сандански“
-

Битолчанец ѝ се заканувал со смрт на сопругата со која се разведува
-

На 17 години заминал во Канада, работел на фарма и чистел котли во пилана – денес Илон Маск е најбогатиот човек во светот
