Над 70 проценти раст во авиосообраќајот во последните 2 години

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека Владата силно работи на развој на ависообраќајот во кој се воведени 28 нови дестинации и силен раст од 30 отсто на бројот на патници во првиот квартал од годината.
-Тоа е стратегија која ја работевме многу во 2024 година. Забележавме дека авиосообраќајот опаѓа многу, се намалува бројот на патници некаде околу 2,5 милиони патници. Создадовме концепт кој не е лесен, разговараме со бројни компании, ги замолував Македонија да ја стават како дестинација. Да не заборавиме дека Македонија нема излез на море, но денеска имаме 28 нови дестинации откако оваа Влада е избрана. Бројот на патници оваа година ќе помине 3,5 милиони, а во 2027 година очекувам да помине 4 милиони патници, што е некаде за 70 отсто раст, рече Николоски во поткастот на порталот Курир.
Тој посочи дека оваа година скопскиот аеродром е во силен пораст на територија на поранешна Југославија, со 30 проценти раст во првите три месеци, а охридскиот е со 20 проценти раст. Со завршувањето на надградбата и реконструкцијата на охридскиот аеродром, додаде вицепремиерот Николоски, растот ќе биде уште поголем.
МИА
Ново на Сител
-

Новиот најмал електричен автомобил „смарт“ пристигнува во септември | ВИДЕО
-

Над 70 проценти раст во авиосообраќајот во последните 2 години
-

Хегсет: Американската војска треба да добие Нобелова награда за мир
-

Уапсен 29-годишен гостиварчанец, силувал малолетничка и објавил експлицитни содржини од неа
-

Од ССКМ бараат транспарентна истрага и нулта толеранција за нелегални медицински практики
-

Иранскиот министер за надворешни работи Арагчи се сретна со пакистански претставници во Исламабад
-

Поднесена кривична пријава за бесправно градење и узурпација на недвижности во Кочани
-

Две лица, меѓу нив судски полицаец, под истрага за примање награда за противзаконито влијание
