-->
-->
Надал: Сакам да бидам запаметен како добар човек од мал град на Мајорка
-->
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал по поразот на шпанската репрезентација синоќа од Холандија (1:2) во четвртфиналето на Дејвис купот, проговори како навивачите треба да го паметат.
-Титулите се важни, но најмногу сакам да бидам запаметен како добар човек од мал град на Мајорка и момче кое постигна повеќе отколку што можеше да замисли, изјави Надал на тернот во Малага.
Ова беше последен турнир во кариерата на 38-годишниот Шпанец. Има 1.080 победи во сингл и 92 титули, вклучувајќи 22 Грен слем титули. Надал е сопственик и на две златни олимписки медали.
Во полуфиналето на Дејвис купот, Холандија ќе игра со победникот од пресметката Германија – Канада.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Тешка битка со пожарите - спасен живототот на припадник на армијата кој се борел со огнот
-
Мицкоски во Пустец
-
Пожари го пеполосуваат Балканот и поширокиот регион
-
Во Ургентен на Клинички дневно имаат по 10-15 повредени во сообраќајни несреќи
-
Физичка пресметка со секира во центарот на Струмица, еден приведен, друг во бегство
-
Муцунски на состанок за мир во Истанбул – стратешка цел на Западен Балкан е полноправно членство во ЕУ
-
СДСМ бара оставка од министерот за спорт