Надал се откажа од „Лејвер купот“, на негово место доаѓа Григор Димитров
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се повлече од „Лејвер купот“ иако пред три недели најави дека ќе игра на егзибицискиот турнир што следната недела ќе се игра во Берлин.
Како причина за ваквата одлука искусниот тенисер ги наведе неговата здравствена состојба и желбата на теренот да има некој кој може повеќе од него да придонесе за победата на европската селекција, а организаторите одлучија тоа да биде Григор Димитров.
-Навистина сум разочаран што можам да кажам дека нема да можам да се натпреварувам во „Лејвер купот“ во Берлин следната недела. Ова е екипно натпреварување и за навистина да го поддржам тимот на Европа, морам да го направам она што е најдобро за нив и во моментов има други играчи кои можат да му помогнат на тимот да победи“, рече шпанскиот тенисер.
Надал нема одиграно ниту еден натпревар од Олимписките игри во Париз, каде веќе беше елиминиран во второто коло од Новак Ѓоковиќ, а во конкуренција на двојки со Карлос Алкараз испадна во четвртфиналето.
„Лејвер купот“ е меч меѓу тенисери од Европа и остатокот од светот. Европа ќе ја претставуваат Александар Зверев, Даниил Медведев, Каспер Руд, Карлос Алкараз, Стефанос Циципас и Димитров.
Тимот на Светот ќе го претставуваат Тејлор Фриц, Франциско Серундоло, Френсис Тиафо, Бен Шелтон, Алехандро Табиљо и Танасис Кокинакис.
Ново на Сител
-
Скопјанецот Зоран Настевски совлада “бомбаш самоубиец“ на лет од Лутон кон Глазгов | ВИДЕО
-
71-годишен кумановец загина во сообраќајка при судар со товарно возило
-
Кривична пријава против две лица од Велешта кои му се заканувале на пратеник од Струга
-
ЦУК: 15 пожари на отворен простор, девет активни и шест под контрола
-
Од ноќеска нестабилно со пороен дожд и грмежи и услови за краткотрајно невреме, особено во четврток
-
Митевски: Најдоцна до крајот на септември зонско паркирање во Ново Лисиче и Реонски центар
-
Поевтинуваат бензините и дизелот
-
Повторно поставен споменикот на Андон Лазов-Ќосето