Loading Video...
Тенис
30. January 2022 - 17:22

Надал со триумфот на Австралија Опен до рекордна 21-ва титула на на Гренд слем турнирите

Рафаел Надал е победник на Отвортеното первенство на Австралија. 
 
По голема битка и речиси 5,5 часа борба, Шпанецот го совлада Русинот, Данил Медведев кој во одсуство на Ѓоковиќ важеше за топ фаворит 
 
Иако Медведев го дооби првите два сета 6-2 и 7-6, сепак Надал не се откажа па во наредните два возврати со 6-4. Во решавачкиот пети сет Шпанецот направи два брејка наспроти едниот на Медведев па со 7-5 го реши сетот во своја полза и конечен триумф со 3:2 во сетови.
 
За Надал ова е само втор триумф во Мелбурн, и тоа по пауза од 13 години.
 
Но. Шпанецот сега е лидер на вечната табела со освоени 21 трофеј на Гренд слем турнирите и има еден повеќе од неговите вечни ривали Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер. 
 
Потсетување дека твофејот во мелбурн кај дамите и припадна на најдобрат светска тенисерка Ешли Барти која ја израдува домашната публика со победата во финалето над Американката Дениел Колинс со 2:0 по сетови 6-3 и 7-6, што Барти го заврши турнирот во Мелбурн без загубен сет. 
 
За Барти тое е трет трофеј од Гренд слем турнирите, од кои единствено и недстасува трофејот од УС Опен.