Надлежните никако да обезбедат терапија за 30 деца со лесна кршливост на коските
Петгодишна голгота на 30 деца со лесна кршливост на коските. Надлежните никако да им обезбедат терапија и родителите ги чуваат во стаклено ѕвоно без нормално детство. Секое паѓање кај овие пациенти значи сериозни последици по здравјето. Лекот е евтин и затоа никој не сака да го регистрира во земјата е најчестото објаснување на одговорните институции иако ветувања за набавка има уште од 2019.
- Како ќе ја извојуваме оваа битка, евтин препарат а тежок за нбавка во смисла на бирократски пречки, тука ние не сме компетентни, но мора да притискаме а исто така и лекто редовно треба да се дава, вели др. Александра Јанчевска – оддел за ендокринологија на Детска Клиника
- Дај боже да нема повеќе деца на кои ќе им треба лекто, но мислам и едно да е , државата трреба да најде начин и да го обезбеди лекот, изјави Александар Петровски здружение Раст
На Детска пред еден месец имале тендер за овој лек, но ниту една компанија не се јавила. Додека властите молчат, од други здруженија им понудија решение – евтиниот лек да го набават со нтервентен увоз.
И додека овие деца чекаат на милост и немилост од надлежните, конечно има терапија за сите со низок раст. Но лекарите апелираат на редовни прегледи и навремено откривање на состојбата
- Девојчињата некако ќе компензираат, но што е со момчињата, со фрустрациите...вели др. Аспазија Софијанова, директор на Клиника за детски болести.
- Оние систематски прегледи што се редовни, да се прави спроедба на кривата за раст, вели др. Владимир Рендевски, заменик министер за здравство.
Само две мерења на висината годишно, може да го променат животот на вашето дете е годинешното мото на светскиот ден за подигнување на свесноста за растот.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
