Надзорна расправа за аерозагадувањето на собраниската Комисија за здравство
Собраниската Комисија за здравство денеска во 10:00 часот ќе одржи надзорна расправа на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје“.
Како што информираат од собраниската прес-служба, на надзорната расправа, која ќе трае пет дена - на 20, 21, 22, 23 и 26 мај, Комисијата за здравство поканувала сведоци од различни државни органи, институции, јавни претпријатија, научни институции и граѓански организации да учествуваат на надзорната расправа и да дадат искази и одговори на членовите на Комисијата и на другите пратеници.
Исто така, на надзорната расправа се поканети да присуствуваат и претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, потпретседателите на Собранието на Република Северна Македонија, координаторите на пратеничките групи во Собранието на Република Северна Македонија, членовите и замениците – членови на Комисијата за здравство и други учесници и гости.
На 25 февруари, опозицијата одржа надзорна расправа во Собранието за аерозагадувањето, за ефектите врз аерозагадувањето врз здравјето на граѓаните и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје присуствуваа само пратеници на Левица и СДСМ. надзорната расправа се одржа на собраниската Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот.
Ново на Сител
-
Инзаги: ПСЖ е одличен тим со одлични играчи, но Интер има срце
-
Салах бил блиску до трансфер во Саудиска Арабија
-
Првиот список на Анчелоти на чело на Бразил
-
Роналдо стигна до 800 гола на клупско ниво
-
Пукање кон куќa во Тетово, немa пoврeдени, најдени 30 чаури oд автоматско oружјe
-
Путин најави блокада на западните ИТ-компании што сѐ уште работат во Русија
-
Автомобил влета во толпа навивачи на Ливерпул, најмалку 50 повредени | ВИДЕО
-
Продолженија на три собраниски седници