Нафтата поевтини по најавите за можен крај на војната меѓу меѓу САД и Иран

Цените на нафтата нагло паднаа на глобалните пазари по објавата дека САД и Иран се блиску до мировен договор кој би ставил крај на војната што ги потресе енергетските пазари.
Американската сурова нафта од типот Западен Тексас (WTI) поевтини за 1,2 проценти на 86,69 долари за барел, а цената нафта од типот Брент падна за 1,1 процент на 89,40 долари за барел.
Нагло пораснаа азиските берзи. Индексот на акциите на Азиско-пацифичкиот регион на MSCI надвор од Јапонија порасна за 3,2%. јужнокорејскиот индекс KOSPI за 7,4%. јапонскиот Nikkei за 2,7%, кинескиот CSI300 за 1%, а индексот Hang Seng на Хонг Конг забележа раст од 1,3%.
Растечкиот оптимизам на пазарите е резултат на новите сигнали за можен мировен договор на Блискиот Исток, што позитивно влијае на акциите, но предизвикува пад на цените на нафтата. На Волстрит, сите три главни индекси ги постигнаа своите најголеми дневни добивки од април, додека технолошкиот Nasdaq порасна за 2,5%.
На валутните пазари, американскиот долар се стабилизираше по претходните загуби, додека австралискиот и новозеландскиот долар ослабеа во однос на доларот.
Цените на скапоцените метали исто така паднаа – златото изгуби 0,6% од својата вредност и се тргуваше по цена од 4.189 долари за унца, додека среброто ослабе за ист процент на 66,93 долари за унца.
Аналитичарите проценуваат дека понатамошните трендови на светските пазари ќе зависат од развојот на преговорите меѓу Вашингтон и Техеран и евентуалното склучување на мировен договор.
МИА
Ново на Сител
-

Алиу – Новиот клинички центар во близина на ГОБ 8-ми Септември најповолно решение
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Ова не се нови бугарски барања, туку истите од 2022 година
-

Пуштена во употреба реновираната спортска сала „Расадник“
-

Пламен и ветер создадоа драма над Штип
-

Охрид и Струга остануваат привлечни дестинации
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
