Најавена дополнителна просторија за издавање готови лични документи во Велес
Во приземјето на Територијалната противпожарна единица во Велес за неколку дена треба да биде опремена дополнителна просторија во која службеници на Одделението за граѓански работи ќе издаваат готови лични документи, лична карта, возачка дозвола и пасош.Фотографирањето за добивање лични документи со три пункта за фотографирање и понатаму ќе се одвива во постоечките простории на Одделението за граѓански работи.
Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски, градоначалникот на Велес Марко Колев и претставници на СВР Велес попладнево во Велес разгледаа две простории за таа намена, едната помошна просторија на ТППЕ Велес и втората во Граѓанскиот Сервисен центар сместен во Општина Велес. Донесена е одлука за просторијата на ТППЕ, како и да се најде локација за целосна преселба на Одделението за граѓански работи кое, како што беше речено, над 30 години работи во тесни простории и несоодветни услови.
Министерот Тошковски во изјава оцени дека „состојбата и во ова Одделение за граѓански работи не е сјајна“ и повика пратениците да изгласаат измени на Законот за патни исправи за да се олесни состојбата со патните исправи.
-Гледаме да направиме што можеме за да им го олесниме овој процес на граѓаните и фотографирање и вадење и подигнување на патни исправи, но сакам македонските граѓани да знаат дека решението на ова патешествие е едно и е многу лесно. Тоа е 61 пратеник да се договорат во Собрание да стиснат едно копче и дадат зелено светло за измена на Законот за патни исправи како што го изменија Законот за безбедност во сообраќајот. Со тоа и да ги решат сите овие маки и голготи на граѓаните во наредните 10 месеци, а тоа е временскиот период којшто го побаравме како МВР во рамки на разумноста и добро менаџирање да успееме да ги издадеме сите патни исправи кои треба да ги издадеме и усогласиме согласно новата Регулатива, рече министерот Тошковски.
Тоа, појасни, би значело дека граѓаните ќе можат да патуваат и со важечка патна исправа пасош со старото име Република Македонија, согласно датумот кој е втиснат на него.
- Ги замолувам сите пратеници не само во нивни туку и во интерес на сите македонски граѓани да го решат овој проблем.Затоа што претходното менаџирање довело до тоа денеска да имаме 650 илјади луѓе коишто имаат важечки пасош, но со старото име, а не’ со новото.И тоа е невозможно да се заврши заклучно со завчера, потенцира министерот Тошковски.
Одговарајќи на новинарско прашање, повтори дека веќе побарал детална анализа на сите процедурални постапки коишто се превземени од страна на МВР и во делот на случајот со убиствата на Вања Ѓорческа и Пенче Жежовски, посочувајќи дека ќе има информација откако ќе ја добие анализата.
Ново на Сител
-

Николоски-Баша: Изградбата на автопатот Скопје – Блаце е клучна за економската соработка меѓу Македонија и Косово
-

СП 2026: Нејмар нема да настапи против Хаити
-

СП 2026: Роналдо повикува на фокус на следниот натпревар
-

Украина и Русија повторно разменија тела на загинати војници
-

Бројот на новороденчиња во Грција за една година намален за 4,2 отсто
-

Израел објави нова карта на териториите под контрола на ИДФ во јужен Либан
-

Двајца поранешни претседатели на ФФМ осомничени за проневера на над 180 милиони денари
-

Македонска државјанка се удави на Халкидики
