Свет
2. јуни 2026 - 17:27

Најмалку 16 луѓе повредени во невреме во Јапонија

Тропска бура Џангами денеска ја погоди Јапонија, при што се повредени 16 луѓе, а речиси 48.000 домаќинства во префектурите Окинава и Кагошима се без електрична енергија.

Железничкиот и патниот сообраќај во погодените области е во прекин. Се претпоставува дека сообраќајот во Токио ќе биде отежнат до утре наутро.

Во префектурите Кагошима и Окинава, најмалку 15 згради се делумно оштетени а патиштата се поплавени, вкупно 331 лет се откажани, а отежнат е и поморскиот сообраќај.

Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека бурата Џангами пристигнала на островот Кјуши и се очекува обилен дожд и силни ветрови.

МИА