Најмалку 25 луѓе загинаа при израелските напади врз Појасот Газа

Палестинската црвена полумесечина соопшти дека израелската армија отворила оган на повеќе локации, при што вкупно загинаа шест лица.
Во денешните израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 25 луѓе, соопштија локалните болници.
При израелски напад врз јужниот дел на палестинската енклава загинаа најмалку 14 луѓе, од кои поголемиот број жртви се жени и деца. Според очевидци, цел на нападот биле и шаторите во Кан Јунис, каде се сместени стотици илјади раселени Палестинци.
Палестинската црвена полумесечина соопшти дека израелската армија отворила оган на повеќе локации, при што вкупно загинаа шест лица.
Во северниот дел на Појасот Газа загинаа петмина Палестинци. Тие се движеле кон преминот Зиким, каде пристигнуваат конвоите со помош од Обединети нации и другите агенции.
МИА
Ново на Сител
-

СПМ: Институциите да постапуваат без селективност
-

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија и Албанија
-

Иран ја предупреди Велика Британија: Вашиот потег ќе влезе во историјата
-

Времен режим на сообраќај во недела во скопски Аеродром поради атлетска трка
-

Цените на нафтата се намалија
-

Мицкоски: Да го негуваме соживотот, да градиме доверба и да вложуваме во заедничка иднина
-

Иран нападна цели во соседните земји
-

Најстудено и најмногу снег утрово на Попова Шапка
