Најмалку 36 повредени, од кои 11 сериозно, во силни турбуленции во авион на „Хаваи ерлајнс“
Авион на компанијата „Хаваи ерлајнс“, што летал на линијата од Феникс, Аризона, до Хонолулу, Хаваи, вчера, на 30-тина минути пред слетувањето доживеал силни турбуленции, при што биле повредени најмалку 36 лица, од кои 11 сериозно, а меѓу нив има и деца.
Службите за итни случаи, вклучувајќи пожарникари, екипи на Брзата помош и Државниот спасувачки тим за пожари, биле повикани на аеродромот да одговорат на „итната ситуација со масовни жртви“ што се случи околу 11 часот, пишува Гардијан.
Од повредените 20 се пренесени во Ургентен центар, од кои 11 се во тешка состојба, а девет се во стабилна состојба.
Националната метеоролошка служба наведува дека е можно силните турбуленции да биле предизвикани од минувањето на авионот низ бура, бидејќи во тој момент во областа на летање биле пријавени грмотевици.
Портпаролот на авиокомпанијата „Хаваи ерлајнс“ додаде дека авионот „Ербас А330“ превезувал 278 патници и 10 членови на екипажот и влегол во зоната на турбуленции додека се приближувал до островите.
Ново на Сител
-

Македонија и Хрватска станаа стратешки партнери
-

Пленковиќ и Мицкоски за евроинтеграциите
-

Собранието даде зелено светло за новиот заем од 260 милиони евра
-

Бензините од полноќ поскапуваат за половина денар, дизелот по иста цена
-

Нови напади САД - Иран среде преговори
-

Највисоки казни за инвеститорот по свлечиштето кај Теодосиј Гологанов
-

Високи температури и најава од УХМР за силно невреме во четврток попладне
-

Претседателката ги додели наградите Women in Tech
