Најмалку два потписа за кандидатура на изборите – експертите предупредуваат на хаос со изборните листи
Можноста со најмалку два потписа да се стане независен кандидат со право на учеството на локалните избори, може да доведе до хаос со изборните листи, смета експертската јавност по одлуката на ДИК. Иако дел сметаат дека потребен е некаков праг за да бидат појасни правилата на учество, потписите на најмалку двајца избирачи, ќе ги доведат во заблуда гласачите, а листите може да бидат многу долги.
И покрај ваквата одлука на ДИК, граѓанската иницијатива Шанса за Центар не отстапува од идејата за политичка партија , бидејќи како што велат не веруваат во ад хок решенија кои важат само за овие избори. Ваквото решение според нив отвора можност за заблуда и долги листи за граѓаните.
Да, го намалија прагот за учество на изборите, но еве зошто ќе продолжиме да собираме потписи за основање на политичката платформа НЕЗАВИСНИ ЗАЕДНО. Овој правилник ќе важи САМО за овие избори. Не сакаме повеќе неизвесност „пет до дванаесет“...Отвора можност да се појават слични имиња со цел да се создаде забуна кај гласачите... Постои можност наместо јасна листа за гласање, да добиеме тетратка со голем број имиња, каде партиите ќе бидат најгоре, а под нив ќе следат долги списоци со имиња, велат од Шанса за Центар.
Комисијата со мнозинство гласови одлучи изборите да се спроведат според новото Упатство кое ќе важи само за овој изборен циклус. Повикувајќи се на чл.63 кој е во сила, независните групи ќе бидат претставени само со имињата на носителите на листите и името и презимето на избирачот кој го потпишува предлогот, оставија простор секој да може да стане кандидат за градоначалник или советник.
Според роковникот на ДИК, роокот за собирање на минималниот број потписи за поднесување на кандидатури започнува да тече од денеска и ќе трае 15 дена.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар