Најмалку две лица повредени при експлозија во фабрика за пиротехника на Малта

Најмалку две лица се повредени при експлозија во фабрика за пиротехнички материјал во Малта, соопштија локалните медиуми.
Двајца мажи на возраст од 67 и 47 години биле пренесени во болница по експлозијата, што се случила изутринава околу 6:30 часот по локално време.
Според извештаите, од силината на детонацијата се треселе околните згради, а жителите пријавиле и скршени прозорци.
Очевидци наведуваат дека експлозијата се слушнала на голема оддалеченост. Двајцата повредени, жители на заливот Сент Полс Беј, во моментот на експлозијата биле во близина на фабриката.
Полицијата соопшти дека во моментот на експлозијата во објектот немало ниту еден од вработените во фабриката.
На терен се распоредени полициски и екипи на службите за цивилна заштита и итна медицинска помош, како и припадници на вооружените сили, кои го обезбедуваат местото. Упатен е повик до граѓаните да не се приближуваат до зоната.
МИА
Ново на Сител
-

Муцунски во Даблин на средба со Мекенти, во фокусот претстојното претседавање на Ирска со Советот на ЕУ
-

Сенатот на САД по деветти пат ја блокираше Резолуцијата за прекин на војната со Иран
-

Најмалку четири лица загинаа во руски напади врз источна Украина
-

Јужна Кореја ќе ја намали зоната со ограничен цивилен пристап долж границата со Северна Кореја
-

Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Предложен притвор за лицето што вчера намерно ги опожари возилата на Бугарската амбасада во Скопје
-

Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати, МВР истражува
-

Кремљ: Во последниот разговор со Трамп, Путин не разговарал за средба со Зеленски
