Најмногу снег на Попова Шапка

Утрово на Попова Шапка има најмногу снег, 34 сантиметри, а најстудено, - 7 степени, е на Попова Шапка и во Берово, соопшти УХМР.
До 08:30 часот -6 степени се измерени во Маврови Анови и Kрушево, -5 во Крива Паланка, -4 во Скопје - Петровец, Струмица и Тетово, -3 во Скопје - Зајчев Рид, Штип, Прилеп, Куманово и Велес, -2 во Битола, Охрид, Кавардарци, Виница, Претор и Гевгелија, како и -1 степен во Демир Капија.
Висината на снежната покривка до 7 часот е 12 сантиметри во Маврови Анови, 8 во Битола, 4 во Крушево, 3 во Прилеп, Претор и Ѓуриште, 2 во Тетово, како и 1 сантиметар во Штип и Демир Капија.
Најмногу воден талог во изминатите 24 часа имало наврнале во Битола, седум литри на метар квадратен, 5 во Маврови Анови, 3 во Тетово, Крушево и Пожаране, 2 во Прилеп и Охрид, како и 1 во Демир Капија.
Според УХМР, времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми од 15 до 25 cm, а на пониските места да се формира снежна покривка од 3 до 10 cm. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 1 степен.
МИА
Ново на Сител
-

Лажни мејлови во име на директорот на БЈБ се шират низ Македонија, предупредува МВР
-

Тендерот за лекот „фактор 8“ за пациентите со хемофилија ќе се распише најдоцна до утре
-

Почина Милена, жената од Неготино која беше инспирација за легендарниот хит „Моја Милена“ на „Нови фосили“
-

Просечната нето-плата во ноември 45.961 денар
-

СДСМ: Цела Македонија во колапс, ВМРО ги изненади снег во јануари
-

Ѓорѓиевски: Скопје чисто и проодно
-

До 30 јуни 2026 година се продолжува кризната состојба на дел на територијата на државата
-

До сабота променливо облачно со пораст на температурите, за викендот дожд и снег
