Најмногу врнежи во Маврови Анови, на Попова Шапка 43 сантиметри снег

До 16 часот попладнево најмногу врнежи имало во Маврови Анови, 13 литри на метар квадратен, а на Попова Шапка се измерени 43 сантиметри снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Според УХМР, 12 литри на метар квадратен наврнале во Охрид, Претор и Крушево, 11 во Пожаране, 10 во Тетово, 7 во Битола и 6 во Попова Шапка. Во Прилеп се измерени 5 литри, а по 4 литри на квадратен метар во Скопје-Зајчев Рид, Струмица и Ѓуриште. Во Гевгелија и Тополчани, пак, измерени се 3 литри на метар квадратен, во Крива Паланка, Виница, Велес, Берово и Кавадарци по 2, додека најмалку врнежи, по 1 литар на метар квадратен се регистрирани во Штип и Демир Капија.
Снежната покривка во Тетово до 16 часот била два сантиметра.
Највисока дневна температура денеска е измерена во Демир Капија и Прилеп, 8 степени, додека минимални 2 степена се регистрирани на Попова Шапка, Маврови Анови и Крушево.
УХМР најавува дека поради продор на постудена воздушна маса од север, попладне и во текот на ноќта врнежите насекаде ќе бидат од снег. Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови, каде снежната покривка на планините ќе се зголеми за околу 20 сантиметри, а во останатите места од 5 до 10 сантиметри. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
MИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-

ДИК бележи намалена излезност
-

Повторени избори во 4 општини
-

Излезноста до 18:30 e 28.07%
-

Повторени избори во 4 општини
-

ДИК бележи намалена излезност
-

МВР нема регистрирано инциденти
-

100 евра казна на лице место ако ве фатат со цигара каде е забрането
