Најниска температура изутринава во Берово, Лазарополе и Попова Шапка

Најниската температура изутринава е измерена во Берово, Лазарополе и Попова Шапка - четири степени, а највисоката во Демир Капија - 13.
Како што соопшти УХМР, во Берово, Лазарополе и Попова Шапка се измеренин 4 степени, во Kрушево и Mаврови Анови шест, во Крива Паланка седум, во Охрид и Битола осум, во Скопје-Петровец, Тетово, Претор и Прилеп девет, Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Велес и Кавадарци десет, во Штип, Виница и Гевгелија 11, во Струмица 12 и во Демир Капија 13.
Количината на врнежи за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2) изнесува два во Крушево и Попова Шапка и еден во Тетово и Лазарополе.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи и силен ветер. Максималната температура ќе достигне до 23 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Породилно од 9 на 12 месеци – има ли простор за ваква мерка?
-

Пожар во Визбегово – ставен под контрола, но активен
-

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, Македонија има најниски цени на бензините
-

Се одбележува 5 Мај - Денот на македонскиот јазик
-

Денот на македонскиот јазик одбележан и во Собранието
-

Случајот со родилката Веапоска од Дебар ќе почне од почеток
-

Средношколци од Струмица започнаа со обнова на клупите во градскиот парк
-

Преглед на вестите од светот
