Најстудено на Попова Шапка - два степени, најтопло во Струмица - 12 степени

Најниска температура изутринава е измерена на Попова Шапка - два степени, а највисоката во Струмица 12 степени.
Според податоците на УХМР изутрината се измерени два степени на Попова Шапка, три во Маврови Анови, шест во Охрид, Битола и Kрушево, седум во Скопје-Петровец, Тетово и Претор, осум во Штип и Демир Капија, девет во Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Куманово, Прилеп, Виница, Кавадарци и Берово, десет во Велес и Гевгелија и 12 во Струмица.
Количината на врнежи изминатите 24 часа до 08:00 часот во (l/m2) изнесува осум во Берово, еден во Струмица, Пожар-Радовиш и Попова Шапка.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и свежо со врнежи од дожд, наместа пообилни (15 до 20 l/m²). Поради продор на постуден воздух од север, врнежите од дожд на планините ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието ќе надминува брзина од 60 km/h. Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.
МИА
Ново на Сител
-

Треба ли државата да ги забрани социјалните мрежи за децата
-

Собранието решава за техничката влада
-

СДСМ ги реализираше заканите - не дојде на состанок на работната група за Изборен законик
-

Раде Трајковски-Штекли осуден на осум години затвор
-

Можно е дополнително намалување на акцизата за бензините, ДДВ-то на дизелот останува исто
-

Во првиот квартал потрошени речиси 2/3 од планираниот буџетски дефицит за цела година
-

Новиот закон за сајбер безбедноста ќе донесе поголема заштита за граѓаните и бизнисот
-

Укинувањето на Пржинската влада пред пратениците
